Стапката на навработеност во Македонија падна на 28,8 проценти
Според податоците кои ги објави денеска Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во републикава во вториот кваратал од годинава изнесувала 28,8 проценти.
Стапката на невработеност бележи пад во однос на вториот кваратал од минатата година за 2,4 проценти, кога била 31,4 отсто. На крајот на 2012 година стапката на невработеност во земјава изнесуваше 31, а во 2011 година 31,4 проценти.
Во вториот кваратал од 2013 година бројот на невработени изнесувал 273.860 лица, а од нив 61,5 проценти се мажи, а 38,5 отсто жени. Според возраста, најголемиот дел 62 проценти се од 25 до 49 години, а според образованието најбројни меѓу невработените се со четиригодишно средно образование 111.441 лица.
17.09.2013 - 14:30
Фото:
Плусинфо