ВИДЕО: Ќе го прелета Атлантикот со балони полни со хелиум
39-годишниот авантурист Џонатан Треп од САД тргна во вистинска авантура. Тој ќе се обиде со помош на 370 балони полни со хелиум да го прелета Атлантикот и да стигне до Европа.
Треп очекува најголема опасност на ова патување да му бидат силните ветрови.
-Времето е апсолутно најопасниот фактор , изјави Треп пред полетувањето.
Инаку, Треп го држи рекордот во најдолг лет со балони полни со хелиум неговиот рекорд изнесува 14 часа.
13.09.2013 - 13:34