СДСМ: Македонија и Косово да ја надминат трговската блокада

СДСМ ги повикува македонската и косовската Влада да преземат итни мерки за надминување на трговската блокада што сериозно ги загрозува односите меѓу двете земји.

СДСМ ја повика Владата на Република Косово веднаш да ја укине одлуката за забрана на увоз на одредени производи, што претставува еден вид трговско ембарго кон Република Македонија, како и македонската Влада да ја укине одлуката за дополнителни давачки за граѓаните и превозниците од Косово при влез во Македонија.

Бараат од владите на двете земји да ги почитуваат меѓународните конвенции и договори за непречено движење и размена на луѓе, стока и капитал помеѓу државите.

- Владите на Република Косово и Република Македонија имаат обврска да постапуваат и да носат одлуки исклучиво во насока на градење блиски и пријателски односи меѓу граѓаните и интензивирање на соработката на бизнис заедницата на двете држави, се подвлекува во соопштението од СДСМ. 

10.09.2013 - 15:47

најчитано сега