УХМР најавува сув пекол - какво време ќе имаме ова лето

 

Според сезонската прогноза на УХМР, летово ќе биде пеколно. На целата територија на земјава постои многу голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности, кое може да достигне и до три Целзиусови степени речиси во секој дел од земјата.

Најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во јули. Во овој месец, кај нас, но и во целиот југоисточен регион на Европа се очекуваат врнежи под просекот, освен на планинските делови каде постои голема веројатност дека ќе има појави на обилни врнежи.

„Во престојната летна сезона постои веројатност да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори. Повремено може да доминираат субсезонски варијации, кои не се предвидливи долго време однапред“, велат од УХМР.

А веб страните кои даваат долгорочни прогнози кои главно се базираат на повеќегодишни просеци на температурите најавуваат температури над 30 степени во јули, но нешто значително над тоа. 

28.06.2024 - 09:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега