Османи и официјално се иссели од МНР

Бујар Османи и официјално ја напушти канцеларијата на Министерот за надворешни работи и денеска му ја предаде функцијата на новиот шеф на дипломатијата Тимчо Муцунски.

„Чест ми е да ја извршувам функцијата Министер за надворешни работи.

Утрово, во Министерството за надворешни работи извршивме примопредавање на функцијата – Министер за надворешни работи со мојот претходник, Бујар Османи.

Во периодот што следи акцентот ќе биде ставен на забрзување на евроинтегративниот процес на земјава, стратешкото партнерство со САД, како и привлекувањето странски инвестиции, што е на линија на приоритетите на Владата.

И покрај многуте предизвици, со посветена работа и решителност ќе бидат постигнати зацртаните цели во предвидената програма за работа на Владата.“ – напиша Муцунски на социјалните мрежи

 

 

28.06.2024 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега