Бугаринот Јане Петков пливаше во вреќа во Охридското Езеро

 

Педесет и деветгодишниот Јане Петков од Сандански,Бугарија, денеска успеа да исплива два километри и 20 метри во Охридското Езеро, врзан во вреќа.

Петков исплива од плажата кај поранешниот хотел „Парк“ до Градскиот кеј во Охрид за 2 часа и 47 минути.

Човекот-амфибија како што го нарекуваат, веднаш по излегувањето од водата изјави дека пречка во „пливањето“ му била ладната вода, но сепак се заблагодари на Бога и на организаторите од охридскиот Црвен крст и пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“, што издржа до крај.  

- Немаше никаков проблем, но доколку беше потопла водата можев да пливам и повеќе километри, како на пример, пет, десет или повеќе. Сепак, тоа можеме да го оставиме за следната година, изјави Петков.

Целиот подвиг на Петков целосно е евиндентиран, со соодветен записник и протокол за целото пливање, за да биде целосна апликацијата што ќе биде поднесена до „Гинис“.

- Ќе аплицираме за признавање на овој резултат кој несомнено е рекорд. Имавме официјални лица од секаков калибар, од медицински офицер, офицер за безбедност, главен судија, помошник судија, техничко лице, претставници на локалната самоуправа и на капетанијата. Оваа апликација со сите потписи ќе биде доставена до Гинис, изјави Точков.

 

10.09.2013 - 15:37

најчитано сега