Згасна животот на Вангел Деребан еден од најпознатите кујунџии
Денеска на 93 годишна возраст почина Вангер Деребан еден од најпознатите македонски кујунџии. Тој е роден во 1920 година во Струга. Таму ја продолжува неколкувековната фамилиарна кујунџиска традиција и го развива охридското филингарство. Голем број на домашни и странски новинари и публициски објавиле репортажи и информации за животот на Деребан. Многупати бил застапуван во проспектите и голем број на други публикации за промоција на Охрид и Македонија, а добитник е и на престижната Св. Климентова награда во Охрид.
10.09.2013 - 13:29