Јосиповиќ денеска на средба со Груевски и Вељаноски
Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ, денеска, во рамки на својата дводневна посета на Македонија, ќе се сретне со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, со премиерот Никола Груевски и со координатори на пратенички групи.
За време на престојот во Скопје Јосиповиќ треба да има средба и со претставниците на хрватската заедница во Македонија.
Шефот на хрватската држава вчера се сретна со неговиот домаќин претседателот Ѓорѓе Иванов.
Посетата на Скопје е дел од мини турнејата на Јосиповиќ низ регионот. Хрватскиот претседател пред доаѓањето во Македонија ја посети Црна Гора, а од Скопје ќе отпатува во Косово.
05.09.2013 - 08:19