Села бара вклученост во средбите за името

Исклучувањето на албанската опозиција од консултациите за одлуката за името може да доведе до неосгласување кај Албанците, истакна Зијадин Села, коментирајќи ја одлуката на Владата, Движењето Беса и Алијансата за Албанците да не бидат повикани на координативната средба што се одржа во саботата.

Но, она што најмногу го загрижува Села е тоа што Ахмети од ДУИ го поткопува заедништвото на партиите на Албанците.

„Освен тенденциите и желбите за политички поени, има и друга димензија која за мене е загрижувачка и која господинот Ахмети неколку пати ја има повторено. Неговата тенденција е да ја поткопа заедничката маса на албанските парламентарни политички партии. Треба да знае и тој и министерот за надворешни работи и Премиерот дека сите се согласуваме дека г.Ахмети е дел од Владата, но тој не го застапува мнозинството Албанци“, вели Села.

Сепак, од Алијансата на албанците истакнуваат дека нема да блокираат ниту еден процес кога станува збор за пристапување на Македонија во НАТО и Европската унија.

 

 

 

29.01.2018 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега