Лазаров останува во Загреб на дополнителни прегледи- настапот против Чешка е сведен на теорија
Македонија вчера загуби од Шпанија за првпат на Европското првенство во Хрватска, но уште поголема загуба беше повредата на десниот бек, Кирил Лазаров.
Македонскиот капитен излезе од игра на самиот старт, поради болки во задната ложа на десната нога, а денес по направените прегледи изјави дека попладнево че се знаат повеќе детали околу неговата повреда.
-Останувам во Загреб и во очекување сум на магнетната резонанца. Се надевам попладнево ќе знаеме нешто повеќе, изјави лазаров, пренесува Гол.мк.
Потврдено е дека тој нема да се појави на денешниот тренинг од 19.00 часот, а неговиот настап на утрешниот меч против Чешка е сведен на теорија.
Нашата репрезентација моментално се наоѓа во Вараждин, каде се подгтовува за последните два меча, против Чешка и Данска, во рамки од главната фаза на шампионатот. Со два триумфи, би можеле да стигнеме до полуфиналето, кое ќе се игра во Загреб.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа