Ќе нема струја со часови - Најавени исклучувања во многу делови од Скопје

 

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска (среда) без електрична енергија ќе останат:

- во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од село Крушопек како и корисниците од село Сарај лоцирани кај општината и рекреативниот центар Сарај (општина Сарај)


 

- во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 10, како и дел од корисниците од ул. 134 во населба Сопиште (општина Сопиште)

- во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улиците Иван Цанкар и Вангел Дину (општина Карпош)

- во периодот од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Ленинова лоцирани кај КФСМ, корисниците од бул. Партизански Одреди лоцирани кај Зегин и Академска Книга, корисниците од ул. Владимир Полежиновски, како и дел од корисниците од ул. Стефан Јакимов – Дедов (општина Центар)

- во периодот од 12.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани над полициската станица Водно кон Средно Водно, како и дел од корисниците од место викано Шербетница во општина Центар (општина Центар).

04.06.2025 - 09:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега