Фекална канализација во Инџиково

 

Градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски и директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Стојан Србиноски во Инџиково присуствуваа на изградбата на фекална канализација што општина Гази Баба во соработка со ова јавно претпријатие и месното население ја градат на улицата „21“. Вкупната должина на трасата изнесува 440 метри.

- Со оваа канализација ќе се реши проблемот на одведување на отпадните води на околу 30 семејства, со што населеното место Инџиково ќе биде речиси во целост покриено со фекална канализациска мрежа, информира општина Гази Баба.

Работите ги изведуваат фирмата „Адра“ од Скопје и ЈП „Водовод и канализација“. Вкупната вредност на проектот е 1,4 милиони денари.

ФОТО:Сител