Министерот на Груевски вечерва ожени поранешна Сителовка

 

Министерот за странски инвестиции Веле Самак и поранешната тв-водителка на сителовата детска емисија "Сител бамбини", Бојана Ацева Андонова, неколкугодишната врска вечерва ја крунисаа со брак. Свадбената церемонија, иако првично се зборуваше дека ќе се случи во родниот град на Самак, Прилеп, се одржа во хотелот Белви во Скопје, јавува Вечер
Министерот Самак и Бојана во врска беа неколку години, а првото јавно појавување го имаа на Божиќниот концерт во Католичката црква. Бракот со Бојана на министерот за странски инвестиции му е втор, тој пред три години по 11 години брак поради, како што тогаш изјавија, ненадминливи разлики се раздели од Американката Роксана, со која има ќерка. Самак и неговата екссопруга во Македонија дојдоа во 2006 година, а таа тука остана да живее и по разводот.

За Бојана медиумите се минато таа откако им кажа збогум на ТВ-екраните има работено како одговорно лице за регрутација и маркетинг на Универзитетот Питсбург во Скопје, лице за односи со јавност за проект на Светската банка, проект-менаџер на Македонскиот културен центар во Њујорк, тренер за проекти со деца и млади на УНИЦЕФ, основач на Самосвест, аналитичар и раководител на Кабинетот за странски инвестиции, технички секретар во македонската амбасада во Вашингтон...

01.09.2013 - 23:14

најчитано сега