Жерновски: Нема пари во општина Центар

 

Градоначлникот на општина Центар, Анреј Жерновски денеска изјави дека во општина Центар нема пари. Касата била празна а општината задолжена поради што под знак прашалник е како ќе се исплатат платите на општинската администрација. 
„Буџетот за 2013 е
однапред потрошен. Очекуваниот прилив за до крајот на годината е 350 милиони денари, а 340 милиони денари се преземени обврски. Со земените кредити за двете катни гаражи во висина од 5 и пол милиони евра, потрошен е уште еден буџет“. Најбогата општина има празен буџет. Одиме натаму и ќе се снаоѓаме. Нема да се жалам, туку ќе работам. И Аларова и Тодоровиќ наследија полна каса, а сега касата е празна“, рече Жерновски.