Сите го имаме дома: Лекува воспалено грло, брадавици и акни

 

Вирусните брадавици може да се појават на било кој дел од телото, а најчесто на рацете, а во текот на леотот и на табаните. За да се ослободите од нив не ви требаат скапи третмани, туку решението ќе го побарате во кујната. Ви го претставуваме влијателното средство против брадавици.

Потребно ви е:

- јаболков оцет

- фластер или вата

1. Јаболковиот оцет, поможност домашен, со сламка или лажиче капнете го на средина на фластерот.

2. Натопениот фластер залепете го директно на брадавиците. Ако лепилот не држи, прицврстете го солеплива трака или со уште еден фластер.

3. Оставете го да делува преку ноќ и истата постапка повторете ја идниот ден.

4. Оваа постапка повторувајте ја секојдневно 5 дена, а ако е потребно повторувајте ја додека брадавицата не се исуши и отпадне.

За воспалено грло во шолја топла вода додајте една лажица јаболков оцет. По желба додадете и засладувач.

За да се ослободите од акни, разредете јаболков оцет со вода во размер 1:3. На акните со чиста памучна вата нанесете од мешавината и оставете да делува 20 минути, а потоа измијте се. Два до три пати дневно повторувајте ја оваа постапка сѐ додека не исчезнат акните.

 

 

 

02.12.2017 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега