Фатен охриѓанец кој крадел што му дошло при рака низ Охрид

 

Охриѓанец си заработи кривична пријава поради тоа што извршил шест кражби.

Се работи за 24-годишниот  А.Т. од Охрид кој во неколку  наврати со други две непознати лица извршиле казнени дела, со што се стекнале со противоправна имотна корист од околу 410.000 денари.

Во поголем дел од кражбите сторителите одземале енергетски и бакарни кабли, бакарни предмети од трафостаници, електро мотори и сл.

Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. 

најчитано сега