Го користите за салата, а не сте знаеле дека со него може да ги избелите забите за еден ден

 

За жал, професионалното избелување на забите е навистина скапо. Затоа, ако имате малку трпение, односно не ви се брза за еден ден да имате бели заби како снег, пробајте го овој народен рецепт за бисерно бела насмевка.

Сѐ што ви е потребно е јаболков оцет. Станува збор за намирница која не само што ги избелува забите, туку и од нив ги отстранува и дамките, а притоа го освежува здивот.

Jabukovo-sirce

Поради неговата јачина, јаболковиот оцет не смее да се користи концентриран, туку е доволно да се разблажи една супена лажица во една чаша вода.

Најпрво, земете голтка од добиениот раствор и со неа направете гаргара и исплакнете ја устата. Потоа во чашата натопете ја четката за заби, па истријте ги забите исто како со паста. Потоа повторете ја постапката со плакнење на устата со течноста, а на крај исплакнете ја устата со вода.

Уште првиот пат ќе забележите дека забите ви се за нијанса побели. Овој третман користете го најмногу еднаш во два дена за да не ја оштетите забната коска.

 

 

 

30.10.2017 - 18:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега