Диета на најпопуларниот модел на сите времиња - Синди Крафорд губела 10 килограмии за 15 дена

 

Според основните принципи на оваа диета, слабеењето не е ништо повеќе од пропратен ефект на здравиот режим на исхрана, кој го експлоатира „армија“ на незаситени масни киселини и антиоксиданси.

„Зона“ диетата е еден од најприфатените хранливи режими, па затоа ја викаат и кралица на диетите. Направена е од страна на американскиот научник Бери Сирс и преведена е на 22 јазици. Здравиот начин на исхрана кој придонесува за подобро функционирање на телото е главната причина поради која „Зона“ диетата е прифатена од се повеќе жени. Да се биде на оваа диета значи да се задржи константното ниво на инсулин во крвта.

Диетата предвидува пет оброци во текот на денот – три главни оброци и две ужинки меѓу оброците. Периодот на нејзина примена е седум дена. За секој оброк, за секој ден постои посебно мени. Протеините на организмот му се обезбедуваат со пилешко, мисиркино, рибино месо и со млеко. Мастите се внесуваат преку маслиново или ленено масло.

Со „Зона“ диетата ограничено е нивото на заситени масти во исхраната. Со овој режим на исхрана ќе избегнете внесување на штетни јагленинохидрати, бидејќи диетата не дозволува внесување на леб, компири и ориз. Наместо нив, се консумираат интегрални производи. Најдобро е јагленохидратите да се обезбедат преку внесување на овошје и зеленчук.

Кон ова диета се придржуваат и Синди Крафорд и Џенифер Анистон кои во секоја прилика и ја промовираат.

 

 

 

20.09.2017 - 23:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега