Го премиеслија: Гечевски ќе игра за Македонија

 
Тодор Гечевски е подготвен да ја смени одлуката за репрезентативно пензионирање и уште еднаш да му помогне на македонскиот национален тим при настапот на Евробаскет 2013 во Словенија. Искусниот центар најави дека повеќе нема да игра за „црвено-жолтите“ по настапот на предолимпискиот турнир во Венецуела, но во ситуација кога беше очигледно дека неговата помош е очајно потребна во битките под обрачите, Гечевски уште еднаш ќе го покаже не само својот професионализам, туку и човечката големина, и ќе стегне заби кога е во прашање Македонија, пишува Екипа.
  
Членот на МЗТ Скопје во текот на утрешниот ден ќе има средба со директорот Мерџановски, по што ќе треба само да се потврди она што од вечерва е јасно - мисијата е успешно завршена: ГЕЧЕВСКИ ЌЕ ИГРА ЗА МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОБАСКЕТ 2013. 
11.08.2013 - 22:06

најчитано сега