Кина повикува на „давање приоритет на мирот“
Индија внимателно ги следи реакциите на сојузниците на Пакистан – вклучувајќи ја и Кина, главниот снабдувач на пакистанска воена опрема. Кина изрази „жалење“ поради индиската воена акција, но исто така рече дека е подготвена да помогне во смирувањето на ситуацијата.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан, изјави: „Индија и Пакистан се соседи кои не можат да бидат поместени, а тие се и соседи на Кина“.
Тој додаде: „Кина се спротивставува на сите форми на тероризам и ги повикува и Индија и Пакистан да ги дадат приоритет на мирот и стабилноста, да останат смирени, да покажат воздржаност и да избегнуваат дејствија што би можеле дополнително да ја комплицираат ситуацијата. Подготвени сме да соработуваме со меѓународната заедница за да продолжиме да играме конструктивна улога во намалувањето на сегашните тензии.“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа