Вардар уште еднаш подобар од Цеље

 

Третпат во три месеци ракометарите на Вардар го совладаа Цеље и со новите три бода си го обезбедија првото место на СЕХА табелата за време на зимската пауза.

Во последниот дуел на македонскиот шампион на домашен терен за 2016 година, синоќа во СЦ „Јане Сандански“ Вардар славеше победа над словенечкиот претставник со 33:31.

Најефикасен во победничката екипа беше Игор Карачиќ со шест погодоци, Арпад Штербик запиша 12 одбрани.

Тренерот Раул Гонзалес изјави дека очекувал тежок натпревар.

- Цеље игра многу добар ракомет, многу брз и затоа за нас беше многу тежок натпревар. Против нив мора секогаш да играте 100 отсто. Ние сме прво место  на табелата и мора да го искористиме моментот. Веќе во вторник играме против Загреб, тоа ќе биде уште еден тежок меч, рече Шпанецот на пресот по натпреварот.

Вардар по оваа победа дојде до 35 бода и го обезбеди првото место за време на зимската пауза. Теоретски и Веспрем може да собере ист број бодови, но Вардар има многу подобра гол-разлика.

 
 
11.12.2016 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега