Успешни крводарителски акции во Гевгелија

 

 Во јули Општинската организација на Црвениот крст од Гевгелија, заедно со службата за трансфузиологија при гевгелискиот Здравствен дом, организираше три крводарителски акции од кои беа собрани 59 крвни единици.

Во акцијата што се одвиваше во Службата за трансфузиологија беа собрани 16 крвни единици, во Полициската станица во Гевгелија 12, а најмногу 31 крвна единица беа собрани на финалната вечер од турнирот во мал фудбал во Миравци.

Секретарот на гевгелискиот Црвен крст, Младен Бундов, соопшти дека во седумте месеци од оваа година собрани се вкупно 450 единици крв и оти бројката се вклопува во програмата и годишниот план на полето на кводарувањето во општина Гевгелија.

најчитано сега