Вардар, Барселона и Киелце со максимален учинок во Лигата на шампиони
Македонскиот ракометен шампион Вардар по четири одиграни кола заедно со Барселона и со европскиот првак Киелце се трите екипи кои имаат максимален учинок – четири победи.
Без пораз се уште екипите на Веспрем и на Нант, додека Кадетен Шахфаузен и ППД Загреб немаат освоени ниту еден бод.
Резултати од 4.коло:
А група: ПСЖ – Флензбург 27:22, Силкеборг – Висла 33:24, Веспрем – Кил 21:19, Барселона – Кадетен Шафхаузен 38:25.
Табела: Барселона 8 бодови, ПСЖ 6, Веспрем 6, Силкеборг 4, Кил 4, Флензбург 3, Висла 1, Кадетен Шафхаузен 0.
Б група: Вардар – ПИК Сегед 30:27, ППД Загреб – Мешков Брест 22:27, Киелце – Цеље 31:23, Рајн Некар Ловен – Кристијанштад 30:29.
Табела: Киелце 8, Вардар 8, Рајн Некар 5, Мешков Брест 4, ПИК Сегед 3, Кристијанштад 2, Цеље 2, ППД Загреб 0.
Ц група: Металург – Ла Риоха 24:23, Монпеље – Чеховски медведи 26:22 и Татран Прешов – Елверум 25:27.
Табела: Ла Риоха 5, Елверум 5, Монпеље 4, Чеховски медведи 4, Металург 4, Татран Прешов 2.
Д група: Холстебро – Нант 25:35, Бешикташ – Мотор 23:22 и Брага – Динамо Букурешт 34:32.
Табела: Нант 7, Бешикташ 5, Брага 4, Динамо Букурешт 4, Мотор 3, Холстебро 1.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа