Ја застанале и почнале насилно да ја допираат - струмичанка преживеа хорор на улица

29-годишна струмичанка вчера доживеала хорор среде улица. Како што информираат од полицијата, вчера околу 22.00 часот додека била во  с. Василево и се распрашувала за нејзиниот поранешен сопруг и пришле две непознати лица кои и рекле дека истиот го познаваат и дека знаат каде се наоѓа во моментот. Потоа сите заедно тргнале кон местото викано . „Трските“ со намера да го најдат. Кога пристигнале на една од нивите едното лице и ги фатило рацете и почнало да ја допира во пределот на телото. Откако истата почнала да се противи и да вика лицето со употреба на сила и ја затворило устата, по што физички ја нападнало удирајќи ја со шлаканици по лицето. Во тој момент другото лице му рекло да ја остави и си заминало, додека истиот продолжил на сила да се обидува да и ја соблече облеката. Оштетената успеала да избега по што го пријавила случајот во полиција. 

Извршен е увид на местото на настанот.

Пронајдени се двете лица и идентификувани. Се работи за А.Д.(18) и 15 годишен малолетник.

По наредба на Јавен Обвинител , А.Д. бил задржан во полициската станица во Струмица. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
18.09.2016 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега