Вардар го прегази Веспрем

 

Ракометарите на Вардар синоќа во СЦ „Јане Сандански” славеа убедлива победа над двојниот освојувач на СЕХА лигата и актуелен европски вицепрвак Веспрем со 29:22.

По само 10 минути игра тренерот на Веспрем, Хавиер Сабате мораше да побара тајм-аут бидејќи Вардар водеше со 6:3. Но, советите беа само за еден напад. Веспрем намали на 6:4, а потоа следуваше нова серија за вардарци од 3:0 и плус две одбрани на Страхиња Милиќ, за во 14 минута првпат да биде разликата пет гола (9:4). На полувреме се отиде со резултат 16:12.

Во 46. минута македонскиот шампион првпат имаше предност од „плус шест (23:17) и веќе беше јасно дека ќе се радува на триумфот.

Игор Карачиќ со осум голови го предводеше нападот на „црвено-црните“, на голот Страхиња Милиќ запиша 11 одбрани.

Во унгарската екипа најефикасен беше Момир Илиќ со осум погодоци.

Вечерва (20:30 часот) Веспрем му гостува на вториот македонски тим во СЕХА, Металург, додека Вардар, веќе во вторник во Скопје го пречекува ППД Загреб.

Табела: Вардар 7 бодови (3 натпревари), Цеље 6 (3), Мешков Брест 4 (2), Загреб 3 (1), Веспрем 3 (2),…

 
 
11.09.2016 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега