Раул: Оваа сезона во СЕХА лигата ќе биде најдобра досега
Со натпреварот Вардар – Мешков утревечер во Скопје (20 часот) почнува новата сезона во ракометната СЕХА Газпром лигата за која тренерот на „црвено-црните“ очекува да биде најсилна од сите досегашни изданија на регионалното натпреварување.
– Пред нас е нова сезона во СЕХА Газпром лигата која ќе биде најдобра досега во историјата на лигата. Имаме 7-8 екипи што ќе играат во ЕХФ лигата на шампионите и ова ќе биде навистина тешко натпреварување за да се стигне до Ф4. Вардар ги има истите амбиции како и досега да обезбеди место меѓу најдобрите четири екипи и потоа во Ф4 да се бори за титулата. Имаме неколку промени во тимот и ќе ни треба време за адаптирање на новите играчи на нашиот систем на играње, особено новите новите ракометари, изјави Раул на денешната прес-конференција.
Според него, Мешков Брест е сериозен ривал, екипа која има раст последните сезони и е навистина голем тим.
-Имаат неколку добри ракометари како Џамли, Атман, Криштопанс, Рутенка и овој натпревар ќе биде навистин адобар тест за мојот тим. Очекувам квалитетен натпревар и знам дека нашите навивачи ќе уживаат, дополни тренрот на македонскиот шампион.
Капитенот Стојанче Стоилов најави борба за титулата и оваа сезона.
– Досега беше очигледно дека Вардар ќе игра на Ф4, но овојпат ниту еден тим не може тоа да го има загарантирано. Лично сметам дека СЕХА Газпром лигата е најдобрата лига во Европа, ако се исклучи ЕХФ лигата на шампионите. Ни во Шпанија ниту Германија не можете да најдете толку многу квалитетни екипи. Но, нашата цел е да се пласираме на Ф4 турнирот и да го донесеме дома трофејот по неколку години. Тоа значи дека утре на мечот со Мешков одиме на победа, рече Стоилов.
Вардар е двоен победник во СЕХА Газпром лигата, а лани во финалето загуби од Веспрем.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа