Одложување на стартот на учебната година во Македонија?

Во Дојран и во Гевгелија, но и во подрачјата кои беа зафатени со поплавата од 6 август, сè повеќе се зборува дека учениците годинава подоцна ќе тргнат на училиште, односно дека наставата ќе почне на 15 септември.

Причините се најразлични, од топлото време во јужните краеви, до лошите услови кои ги остави поплавата во Скопскиот и во Тетовскиот Регион.
Но, од Министерството за образование и наука велат дека учебната година ќе започне на 1 септември.
"До овој момент до Министерството за образование и наука од страна на споменатите локални самоуправи не е доставена иницијатива за пролонгирање на учебната година, која согласно законската регулатива, по правило започнува на 1 септември, а завршува на 31 август наредната година", велат од Министерството

 

Минатата година и здружението на хотелиери побара одложување на стартот на учебната година за да се овозможи подолга туристичка сезона, но Министерството го одби овој предлог

 
 
25.08.2016 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега