Излетал, се превртел и починал на лице место: Страшна несреќа во Македонија

 
Страшна сообраќајка ја потресе Македонија.Околу 19 часот на магистралниот пат Радовиш – Штип кај „Пилав  тепе“, се случила сообраќајна незгода во која 72-годишниот Н.Ј. од селото Брод, општина Новаци, управувајќи возило „Мерцедес Бенз“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола  и излетал на левата страна во насока на движење надвор од коловозот, каде се превртел во провалија и пропаднал во течението на Бучимска река, по што застанал превртен на кровот.
Констатирана била смрт од давење кај возачот.
Сопатниците во возилото, 68-годишниот В.К. 62-годишниот Ц.Ј. и 33-годишниот П.К. од Битола, заедно со единаесетгодишно дете од Германија, останале неповредени.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полциијата.
 
 
09.08.2016 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега