ОЈО со детали за кобната несреќа во која детенце остана без родители

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гевгелија врши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа кај Удово, во која животот го загубија две лица.

Сообраќајната несреќа се случи утрово, на магистралниот пат Демир Капија – Удово, кај месноста Света Петка, кога се судриле автомобил марка Ауди А4 со германски регистарски таблички, управуван од српскиот државјанин, 46-годишниот Д.С.автобус на „Струмица експрес“, управуван од 60-годишниот Ѓ.В. и автомобил марка Фиат сеиченто со скопски регистарски таблички, управуван од 41-годишниот Н.П.

Во несреќата загинаа возачот на автомобилот и неговата сопруга, 31-годишната Б.П. додека нивниот седумгодишен син е повреден и во критична состојба е префрлен на скопските клиники. Повредена е и сопатничката во аудито, германска државјанка, која со потешки повреди е задржана во Општата болница во Велес.

Се работи на утврдување на околностите под кои се случила сообраќајната несреќа. Возачот на аудито, државјанин на Србија, е задржан. Надлежен јавен обвинител веднаш издаде Наредба за обдукција на телата на починатите лица, како и Наредба за технички преглед на автомобилот Ауди и на автобусот. Истовремено, земени се примероци од крв и урина на возачите, кои се ќе анализираат. Дополнително, се вршат разговори со сите инволвирани, со патниците од автобусот, како и со возачи-очевидци на сообраќајната несреќа.

 
 
03.08.2016 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега