Откриен идентитетот на загинатите кај Удово

Брачен пар од Скопје загина во тешка сообраќајна несреќа која утрово се случи кај Удово-Демир Капија. Како што дознава КУРИР, починатата е Билјана П. која била сопатничка во автомобилот.

Во сообраќајката,  автомобил „Фиат“се забил во автобус на Струмица експрес.

Увидот е се уште во тек.

Сообраќајната несреќа се случила кај месноста викана „Света Петка“, поради што сообраќајот е во прекин во двата правци.

Последните информации говорат дека на лице место загинале двајцата сопружници, додека детето, кое според неофицијални инфомации не е повредено, превентивно е пренесено на скопските клиники.

 
 
03.08.2016 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега