Страшна несреќа кај Групчин: Удриле во мечка - завршиле на Ургентен

Околу 23 часот и 30 минути синоќа на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Групчин, по наплатната рампа се случила сообраќајна несреќа помеѓу комбе со германски таблички управувано од А.Ф од Скопје и патничко моторно возило Сеат Леон управувано од М.В. при што автомобилот удрил во мечка. Животното е усмртена по ударот на лице место.

Со телесни повреди се здобиле М.В. и неговата сопатничка Л.М, кои со Итна медицинска помош се префрлени на Клиника во Тетово, а потоа пренесени во Скопје, по што се пуштени на домашно лекување.

Увид на лице место извршиле екипи на полицијата.

 
 
01.08.2016 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега