За Палчо спремен специјален ходник за движење, а ќе има и посебна бања

 

Првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се очекува во секој момент да пристигне во истражниот затвор во Шутка. Таму се веќе пристигнати припадници на специјалните единици, а има и посебни протоколи во затворот за неговото пристигнување. Согласно изјавите на директорот на затворот, Палчо имал посебен ходник за движење, по што практично ќе се шета сам, а му била спремна и посебна бања. 

„Просторијата во која ќе биде сместен е веќе подготвена, има посебен ходник за движење. Има појачан видео надзор, со определен број на чувари, ќе има посебна бања. Веќе имало и протокол за храна и се знае колку чувари ќе го чуваат под посебни мерки“, изјавил Филип Андов, директорот на затворот во Шутка за Слободен печат.

15.05.2024 - 20:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега