Драма за време на час во училиште во Битола: Родители физички нападнале наставничка и ученик
Вчера во СВР Битола, Р.М.(48) од Битола пријавил дека за време на настава во основно училиште во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Р.Л. и Н.Л., родители на негов соученик.
Истиот ден, М.Т. (44) од Битола, наставничка во истото одделение, пријавила дека за време на настава била физички нападната од Р.Л. и Н.Л..
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.
16.05.2024 - 14:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа