Сакал да спречи штета а направил поголема: Битолчанец итно во болница

Во 03 часот и 05  минути во Битола на улицата „Булевар 1-ви Мај“ се случила сообраќајна незгода во која 50-годишниот В.Ј. управувајќи  Мопед „Херк“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола поради разлеано масло и паднал. Претходно В.Ј. управувал цистерна „ФАР 13“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Јавното претпријатие Комуналец, и го оставил на тротоарот поради течење на деференцијално масло. Потоа отишол пред влезот од СВР Битола каде му бил паркиран мопедот „Херк“, и откако почнал да се движи паднал. Во незгодата В.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во Клиничка болница Битола, каде му е укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полицијата.

 
 
29.07.2016 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега