Неформално дружење меѓу припадниците на Министерството за одбрана и АРМ

Денеска во Куманово во касарната „Боро Менков“ ќе се одржи неформална средба меѓу припадниците на Министерството за одбрана, АРМ, Асоцијацијата на воени аташеа и НАТО советодавниот тим, на која ќе присуствува и македонскиот министер за одбрана Талат Џафери.

Неформалната средба е во организација на командантот на Здружената оперативна команда бригадниот генерал Методија Величковски. Настанот ќе биде збогатен со настапот на рок бендот „Деј офф“, а планирано е да биде отворен и мини плоштад пред Здружената оперативна команда во касарната.

Ваквите средби се вообичаени во земјите на НАТО и придонесуваат за зацврстување на воспоставените стандарди за дружење на персоналот надвор од работното време.

ФОТО: Скопјеинфо

најчитано сега