Брзо и едноставно: Еве со што да ги послужите гостите на вашата журка
Тие се прават брзо и едноставно, а толку се вкусни и идеални за журка!
Пица мафините се со привлечен изглед и неодолив вкус. Се подготвуваат за миг.
Ако ве мрзи да подготвувате тесто можете да купите и готово. Мафините послужете ги со сос од домати или павлака.
За подготовка ви е потребно:
Тесто за пица
Сос од домати
Оригано
Моцарела
Маслиново масло
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени и ставете масло во калапот за мафини. Поделете го тестото на 12 еднакви делови и развлечете го секој дел.
Премачкајте ги со сос од домати, ставете оригано и моцарела. Смотајте го тестото во спирала почнувајќи од подолгиот крај, превиткајте го на пола и ставете го во калапот за мафини така што отворената страна ќе биде нагоре.
Печете околу 20 минути.
Журката може да почне!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа