ФОТО: "Не паметиме вакво нешто" - Силен град уништил се пред себе во Хрватска
Силно невреме вчера беснееше во делови на Хрватска. Во Славонски Брод и околината наврна голема количина дожд и град за 15 минути. Градот во околината кршел гранки и уништувал садници, уништил автомобили и покриви.
- „Не се сеќавам на вакво нешто. Собиравме мраз со лопати. Траеше 15 минути, а градот беше силен“, вели жител на Славонски Брод за хрватските медиуми.
- „Не се сеќаваме кога имало вакво нешто. Градот беше огромен, удираше по покривите, уништи автомобили… Страшно“, вели друг жител.
Силно невреме вчера имаше и во Босна проследено со силен ветер, дожд, град со големина на орев и грмотевици.
УХМР најави силно невреме за денеска и во Македонија. Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа