Детали за големата трагедија кај Демир Капија: Маж загина - малите дечиња тешко повредени

Во тешката сообраќајка кај Демир Капија во близина на хотел „Парк“, утрово загина 55 годишен маж од Белград, Љубиша В. додека повредени се неговата сопруга и трите деца.

Децата на возраст од 10, 8 и 1 година се добро, а сопругата која управувала со автомобилот „Даеву“ е во свесна состојба и комуницира со докторите во велешката болница. Според неофицијални податоци, сопругата е таа што управувала со возилото и веројатно во текот на возењето заспала.

Како што неофицијално дознава српски „Курир“, жената е вработена во РТС, а во моментот била на породилно отсуство. Семејството возело кон Грција на одмор.

 
 
01.07.2016 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега