Боки 13: Ова е почеток на битка со криминалната банда на Кичеец

Ова е почеток на една битка и разрешница со цела криминална банда, а во оваа криминална банда еден од предводниците е Зоран Милевски-Кичеец. 

Ова службениот разговор во полициската станица „Пролет“ го истакна Бојан Јовановски, познат како Боки 13.

Тој бил пријавен од страна на Милевски за три кривични дела - загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување. Неговиот адвокат, Владимир Туфегџиќ изјави дека ги отфрлаат сите наводи во кривичната пријава.

„Ги отфрламе сите наводи бидејќи сметаме дека не постојат законски основи за натамошно процесуиање. Настанот е од таков тип да надлежните органи треба да преземат мерки и активности во постапка за лажно пријавување против пријавителот. Во овој случај се работи за фејсбук статус односно за наводно дело сторено преку информатички систем“, изјави адвокатот Туфегџиќ.pastedGraphic.png

Боки 13, пак, вели дека Милевски Кичеец е човек кој се огрешил пред законот, а не одговарал за тоа, па затоа неговата реакција е очекувана.

Како што вели, ова е почеток на конечна битка и разрешница со цела криминална банда. 

„Не сум го пријавил јас Зоран Милески на мојот фејсбук-профил за да бидам пријавен дека лажно сум пријавил кривично дело. Напротив, Зоран Милески Кичеец е дел од моите кривични пријави за сторени кривични дела кои ги сторил истиот за кои јас имам индиции, докази дека ги сторил, но тоа ќе биде предмет пред јавен обвинител во друга постапка и не во оваа форма, а ова го сметам за директен притисок поради тоа што тоа се случи вчера кога скоро цела држава знаеше дека имам јавен настап, најавено интервју каде што и пријавителот во случајот Зоран Милески Кичеец беше еден од лицата за коишто зборував“, рече Јовановски.

Јовановски вчера гостуваше во поткастот на Стефан Лазаров каде кажа дека полициски службеници биле во неговиот дом за да го повикаат на службен разговор поради кривична пријава. 

07.05.2024 - 13:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега