Дојавата за бомба во трговскиот центар „Рамстор“ била лажна
Вчера трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје беше испразнет откако имало дојава за поставена бомба во објектот.
Сепак, од Министерството за внатрешни работи потврдија дека вчерашната дојава за бомба која се случила синоќа во 21 часот и 30 минути била лажна.
Посетителите веднаш беа евакуирани.
Денеска трговскиот центар нормално си функционира и е отворен за посетителите.
ФОТО: Денешен