Филе и Ванизелос во Брисел разговараа за спорот со името

 

Вчера во Брисел откако грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос имаше средба со македонскиот колега, Никола Попоски, имаше средба и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Се разговарало за прашања поврзани со цел Западен Балкан, а особен акцент се ставил на Македонија.

- Венизелос и Филе разговараа за прашања од особен интерес за Грција и поконкретно за прашања поврзани со Западен Балкан, со посебен осврт на прашањето на Македонија, Србија и Косово, како и прашања во врска со Кипар и европската перспектива на Турција, јави МИА.

Инаку, вчера и со својот македонски колега, Никола Попоски, Ванизелос разговараше за спорот со името.

најчитано сега