ВМРО-ДПМНЕ: Повикуваме на дијалог - како си дозволува СДСМ да го ускрати тоа право?

Не знаеме кој ја пишувал содржината на денешната изјава на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, но очигледно е дека тој што е автор нема никаков интерес од конструктивна политичка дебата во Република Македонија.

          Ние не сакаме да влегуваме во процес на меѓусебни обвинувања и квалификации. Ние повикуваме на дијалог. Разноликоста во позициите на СДСМ треба да се решаваат внатре во самата СДСМ, но сме зачудени како СДСМ си дозволува да го ускрати и правото на некого да побара дијалог.

 

          ВМРО-ДПМНЕ денеска побара да се седне на маса да се дискутира и да има дијалог. Ова одбивање на дебата и дијалог за жал не се разликува од одбивањето за дијалог, кое што кон Македонија го прави еден од нејзините соседи.

Реакција на ВМРО на изјавата на СДСМ.

најчитано сега