Адвокатот на Заев ја брани и бандата на Чауш
Адвокатот на опозицискиот лидер Зоран Заев и претседател на Надзорниот одбор на СДСМ, Мирослав Вујиќ е адвокат и на првоосомничениот во „Фабриката за афери“ Захир Бекири и пред македонските судови го брани него и неговата банда.
По наредба на Основниот суд во Скопје 1 вчера беа извршени претреси на 7 локации во Скопје и тоа кај Захир Бекири во Идризово во координација со Управата за извршување на санкции, кај И.Б. (брат на прво осомничениот), О.Б (брат на прво осомничениот) и З.А. (сестра на прво осомничениот), Б.А., А.И., Т.Р., Д.М, А.Г и В.Н.
По акцијата, со реакција се јави адвокатот на Чауш, Мирослав Вујиќ, кој воедно е адвокат и на опозицискиот лидер Зоран Заев. Во изјава за Телма, адвокатот на Заев и на Чауш и неговата банда рече дека ова е само продолжение на како што додаде “циркузот што се создаде околу Чауш“.
Шемата на Чауш и СДСМ веќе и е позната на јавноста. Чауш печател фалсификувани документи а потоа му ги предавал на весникот Фокус кој од тоа фабрикувал афери во јавноста. Чауш одел до таму што снимал и видеа за фабрикуваните афери да изгледаат повистинити.
Захир Беќири Чауш важи за истакнат член на СДСМ. Неговата сопруга е дел од партиските вработувања на СДСМ и платата ја зема од општинската фирма Паркинзи Центар, каде директорува Саша Богдановиќ, Претседател на Општинскиот огранок на СДСМ во скопски Центар.
Јавноста ја виде и фотографијата на која лидерот на СДСМ Зоран Заев е сликан со Чауш во просториите на партијата на Бихаќка, по што Заев конечно призна дека тој е член на СДСМ. Дополнително, Заев сам во неколку наврати призна дека Чауш е член на СДСМ.
Сител неодамна ги објави и разговорите и телефонските пораки кои Заев ги разменувал со сопругата на Чауш во моментот кога тој беше приведен од полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа