Тошковски: Префосионалноста, а не етничката припадност е приоритет при вработувањата во МВР

 

Приоритет мора да биде знаењето, капацитетот и професионалноста, а не етничкиот предзнак кога станува збор за вработувањата и назначувањата во институциите, но и генерално, во сите општествени сфери.

Вака министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски одговори на новинарско прашање за бројот на Албанци на раководни позиции во МВР. Вели, никогаш во животот не му значело дали е некој Македонец, Ром, Бошњак, Турчин или Србин, туку колку си ја знае работата и колку е професионален.

-Пред вас господинот што седи е Албанец и од мене е назначен за помошник министер, но не поради неговиот етнички предзнак, туку зашто има огромно искуство во МВР и огромен професионален капацитет. Од него очекувам да даде многу во она што ќе следи во насока на професионализација на полициските службеници. Кога зборуваме на тема МВР, професионални стандарди и потреба на граѓаните, не треба да зборуваме од аспект на етнички предзнак. Никогаш не ми значело кога одам на лекар дали докторот е Албанец, Ром, Бошњак. Макеодонец, Србин, Турчин, Англичанец,… Никогаш не ми значело кога одам на судење, дали судијата е Ром, Влав, Турчин, а секогаш ми значаело дали е професионален, колку знаење и капацитет има. Така треба да ги гледаме работите, рече Тошковски.

Министерот потоа соопшти и конкретни бројки за за етничката застапеност во некои од службите во Министерството.

-Во рамки на управните служби во Скопје 51,96 отсто се Македонци, 39,37 се Албанци, а 8,67 проценти се од друга националност. Во ОУР Тетово има 23,6 отсто Македонци, 66,29 проценти Албанци, а во ОУР Куманово 52,83 отсто Македонци, 45,28 отсто Албанци и 1,89 други националности. Мора да се фокусираме на професионалноста за добото на народот, рече министерот.

05.10.2024 - 14:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега