Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за транспорт, врски и екологија, Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Комисија за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија ќе расправаат по Предлог-законот за зеленило во второ читање и Предлог на закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во прво читање поднесен од пратеници од опозицијата.

На дневен ред на седницата на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците  е разгледување на извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлог-законот за нотаријатот.

 
 
25.03.2016 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега