Ларвик противник на ЖРК Вардар во четвртфиналето на ЛШ

 

Ракометарките на ЖРК Вардар во четвртфиналето на Лигата на шампионките за противник ќе го имаат норвешкиот тим на Ларвик.

Со комплетирањето на натпреварите од последното 10.коло во групната фаза, познати се осумте екипи кои ќе се борат за место во завршниот турнир. Ларвик во последното коло триумфираше на гости во Франција кај Флери со 31:28 со што го потврди второто место во групата 1.

Резултати од 10.коло во Главна фаза:

Група 1:
ФТЦ - Баја Маре 21:18,
Турингер - Ростов 28:32,
Флери - Ларвик 28:31.

Табела: Ростов 19 бодови, Ларвик 12, ФТЦ Будимпешта 12, Баја Маре 10, Флери 6, Турингер 1.

Група 2: 
Савехоф - Вардар 26:29,
ЦСМ Букурешт - Ѓер 22:24,
Будуќност - Митјиланд 27:21

Табела: Будќност 15 бодови, Ѓер 15, Вардар 14, ЦСМ Букурешт 9, Митјиланд 5, Савехоф 2.

Покрај дуелот меѓу ЖРК Вардар и Лаврик, за место на „фјнал-фор’’ турнирот ќе се борат: 
Ростов – ЦСМ Букурешт, 
Ференцварош – Ѓер и 
Баја Маре – Будуќност.

 
 
29.02.2016 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега