Трагедиите се нижат: Згасна уште еден живот на патиштата во Македонија

Нема крај на трагедиите и несреќите во Македонија. Вчера во 15 часот и 20 минути на патот Струга-Дебар, кај селото Велешта, се случила сообраќајна несреќа во која се судриле возило Сеат Кордоба со охридска регистрација и моторцикл. Со автомобилот управувал 22-годишниот Џ.М. од струшко, додека пак со моторциклот управувал 20-годишниот Един Р од селото Октиси. Тој со телесни повреди бил пренесен во болница, каде за жал и покрај напорите на лекарите починал во 17 часот и 20 минути.

Телото е дадено на обдукција.

Полицијата работи на случајот.

 
 
28.02.2016 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега