Статистика: Зголемен бројот на ученици и студенти кои се сместуваат во домовите

 

В

о домовите за ученици во основното и во средното образование и во студентските домови во 2012/2013 година биле сместени  8.134 ученици и студенти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според податоците кои ги објави заводот, се работи за зголемување од два отсто во однос на периодот 2011/2012.

Според Државниот завод за статистика,  во домовите за ученици кои посетуваат средни верски училишта се сместени 235 ученици.

Со годишните извештаи се опфатени 38 домови: за ученици во основните училишта, за ученици во средните училишта, за ученици во средните верски училишта и во студентските домови.

Инаку, домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитание на ученици и студенти за време на школувањето вон местото на постојано живеење.

ФОТО: Макфакс