Блокиран патот Кичево - Охрид - што се случува?

 Поради изведување работи на пат  со минирање на патот А2 Кичево - Охрид на делот помеѓу Пресека - с.Врбјани од 13 до 15 часот денеска сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 до 20 минути, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Според АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по наместа влажни коловози. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. 

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата

 
 
06.02.2016 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега