Груевски: Очекувам посилен раст на индустриското производство во 2016
Годинава што измина кумулативниот раст е 4,9 на индустриското производство, а само во декември е 10,5. Работите очекуваме да продолжат како во декември, доколку нешто не го попречи тоа, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во гостувањето во Сител.
-Во 2015 целиот раст се оствари во месеците кога беше стивната политичката криза или ја немаше. Тоа се првите месеци од годината. Ако нема политички кризи и надворешни шокови, очекувам растот на индустриското производство да биде и посилен во 2016, што секако има директно влијание на отворањето на нови работни места, посочи Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа